Винер Осигурување со приход од 200 милиони денари

Bez autora
Apr 03 2012

Винер Осигурување - Виена Иншуренс Груп соопшти дека во првиот квартал од годинава оствариле приход од 200 милиони денари што претставува најдобар квартален резултат во историјата на компанијата. Од компанијата посочуваат дека нивниот успех се должи на ставањето на клиентите во центарот на нивните процеси, преку најквалитетна продажна и постпродажна услуга, експресното решавање на штетите, беспрекорното реосигурително покритие и тимската работа посветена на сигурноста и задоволството на секој клиент. Минатата година компанијата ја заврши со раст од 41%, зголемувајќи го пазарниот удел, а резултатите постигнати во првиот квартал годинава покажуваат дека Винер не само што го задржува стабилниот и континуиран раст, туку продолжува со уште позасилено темпо.

Винер Осигурување со приход од 200 милиони денариВинер Осигурување - Виена Иншуренс Груп соопшти дека во првиот квартал од годинава оствариле приход од 200 милиони денари што претставува најдобар квартален резултат во историјата на компанијата.

Од компанијата посочуваат дека нивниот успех се должи на ставањето на клиентите во центарот на нивните процеси, преку најквалитетна продажна и постпродажна услуга, експресното решавање на штетите, беспрекорното реосигурително покритие и тимската работа посветена на сигурноста и задоволството на секој клиент.

- Минатата година компанијата ја заврши со раст од 41%, зголемувајќи го пазарниот удел, а резултатите постигнати во првиот квартал годинава покажуваат дека Винер не само што го задржува стабилниот и континуиран раст, туку продолжува со уште позасилено темпо - истакнуваат од Винер осигурување.

Генералниот директор на Винер Осигурување Зоран Нарашанов на последната седница на Надзорниот одбор доби нов четиригодишен мандат.

Винер Осигурување е дел од Виена Иншуранс Груп - водечката осигурителна групација во Централна и Источна Европа со 25 илјади вработени и полисирана премија од речиси 9 милијарди евра, во која својата доверба ја вложуваат повеќе од 20 милиони осигуреници во 25 земји. Винер Осигурување лани исплати бруто полисирана премија од 530.588.000 денари, имаше раст од 41% и пазарен удел од 8,41%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik